20.04.2023 Скопје
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави дека со прашањето за приклучување кон „Отворениот Балкан“ ќе се занимаваат идната Влада и Парламентот и дека неговата политичка позиција е јасна – „подобро е да се биде дел од отворен, отколку затворен Балкан“.
Милатовиќ истакна дека како економист секогаш се залагал за подобрување на односите и регионалната соработка.
„Идејата за ЕУ е создадена како идеја за регионална економска соработка меѓу земјите од Бенелукс, Германија, Франција и Италија. Ние често на Балканот, кога зборуваме за европска интеграција, забораваме на важноста на нашата регионална економска интеграција“, изјави Милатовиќ.
Тој изјави дека приоритет на сите приоритети е членството во ЕУ.
Сè додека ова е нашата главна цел, не гледам проблем во исто време да ја подобриме регионалната економска соработка“, рече новоизбраниот претседател на Црна Гора.
На прашањето дали се познава со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Милатовиќ рече дека немал можност директно да се сретне со него, но дека разговарале по телефон.
„Имавме телефонски разговор кој се одвиваше на пријателски и фер тон. И двајцата изразивме подготвеност да работиме на подобрување на соработката и решавање на прашања кои го оптоваруваат регионот“, рече Милатовиќ.
Подготвено од А.Ѓ.