https://www.facebook.com/photo.php?fbid=516740593142390&set=pb.100044193621427.-2207520000..&type=3

12.04.2023 Скопје

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека верува дека европската миграциска политика не може да функционира без ѕидови и огради на надворешните граници, и смета дека мигрантите ги сакаат „дарежливите бенефиции“ кои ги дава Германија, па затоа најчесто завршуваат во таа земја.

Мицотакис истакна дека ѕидот е најдобар начин за да се заштитат границите и на Грција и на Европската унија. Веќе има ѕид меѓу Грција и Турција, на реката Еврос, но Грција сака да го продолжи и бара субвенции од Европската унија.

Грчкиот премиер Мицотакис потсети дека во 2019 година, на почетокот на неговиот мандат, на турската граница избувнаа немири, кога илјадници бегалци сакаа да ја преминат границата, а турските власти воопшто не се обидоа да ги спречат тие немири.

Подготвено од М.Н.

About Author