https://www.facebook.com/photo.php?fbid=777357133755879&set=pb.100044447978953.-2207520000.&type=3

26.04.2023 Скопје

Аргентинецот од ПСЖ, Лионел Меси сака да го продолжи договорот со парискиот клуб само под услов да добие зголемување на платата.

Меси има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Аргентинскиот фудбалер има понуда да ја продолжи соработката со „светците“.

Тој наводно добил понуди од Ал Хилал, Интер Мајами и Барселона.

„Проблемите со продолжувањето на договорот се појавија по Светското првенство во Катар. Меси го освои светското првенство со Аргентина, а потоа дојде во Париз со барање за зголемување на платата како услов за продолжување на соработката. ПСЖ не се согласува со Меси уцена, но управата на шампионот на Франција е подготвена да ја продолжи соработката со аргентинскиот фудбалер под идентични услови како и во актуелниот договор“, вели Паризиен.

Меси заработува околу 40 милиони евра годишно во францускиот клуб.

Француските медиуми пренесуваат дека Меси сака да знае како ќе изгледа тимот на „светците“ следната сезона и кој ќе биде новиот тренер на ПСЖ, бидејќи Кристоф Галтие сигурно ќе добие отказ.

Парисиен наведува дека управата на шампионот на Франција одлучила да подготви планови за следната сезона во кои не е аргентинскиот фудбалер.

Меси (35) пристигна во ПСЖ во 2021 година од Барселона. Сезонава одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна 20 гола.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author