https://twitter.com/nexta_tv/status/1585163064810229760/photo/1

26.04.2023 Скопје

Германскиот Мерцедес, 14 месеци по рускиот напад на Украина, целосно се повлече од рускиот пазар, објави автомобилскиот гигант.

Концернот потврди дека во април го продал рускиот бизнис на домашниот Автодом, со потребните дозволи и исполнети договорни обврски. Детали за трансакцијата не беа откриени.

Набргу по рускиот напад на Украина, Мерцедес го прекина извозот во Русија и локалното производство.

Финансискиот директор на концернот Харалд Вилхелм во октомври најави продажба на преостанатите интереси во таа земја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author