04.04.2023 Скопје

Денеска сопственикот на интернет страницата „Доказ“, Марјан Стаменковски, од Кривичниот суд Скопје доби неправосилна казна затвор од три години и еден месец за четири кривични дела сторени со текстови. За злоупотреба на лични податоци, дополнително, казнет е со 5.000 евра глоба.

Судијката Марија Клетничка – Марковска му изрече и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години, сметано од време на правосилноста на пресудата. Престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени.

Стаменковски е осуден за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал и едно дело: уцена, пиратерија на аудивизуелно дело и секако, за злоупотреба на лични податоци. Обвинението беше по кривичните пријави поднесени од жртви на Стаменковски во текот на 2022 и на почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб страната во негова сопственост.

По барање на обвинителството, а со одлука на судот, судскиот процес се одвиваше зад затворени врати поради заштита на приватноста на жртвите или, како што рече обвинителката Зорица Павловиќ, од причина што се работи за кривични дела против моралот и со цел да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *