bebe turcija chudo

03.04.2023 Скопје

Двомесечно бебе беше спасено живо откако 128 часа беше закопано под урнатините во провинцијата Хатај, а по речиси два месеци повторно се соедини со нејзината мајка.

Имено, во земјотресот е повредена мајката на бебето, Јасмин Бегдас, додека нејзиниот татко и двајцата браќа ги загубиле животите.

По првата интервенција била пренесена во градската болница во Адана. Бидејќи немала здравствени проблеми, била префрлена на институционална нега. Медицинските сестри на бебето му дале име Гизем. Бебето подоцна со претседателскиот авион беше пренесено во Анкара, а по прегледот во градската болница во Етлик, беше сместено во дом под Министерството за семејство и социјална помош.

Со текот на времето, Министерството ја пронајде мајката на бебето преку ДНК анализа.

Министерката Дерија Јаник изјави дека бебето што го пронајдоа екипите за потрага и спасување 128 часа по земјотресот е вистинско чудо. Воедно, додаде дека неговата мајка сѐ уште е на лекување. Нема никакви проблеми со нејзиното општо здравје.

„Партнерството во таа среќа и за нас беше навистина важно. Посакувам и се надевам Господ да им даде долг и среќен живот, повеќе да не се одвојуваат една од друга. Нека секогаш има убавина, добрина, благосостојба и среќа за сите деца во нашата земја и светот. Ова е и нашата желба да бидеме сведоци на таа среќа“, рече таа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author