makron fon der lajen poseta kina

05.04.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Пекинг, главниот град на Кина, објави државната национална телевизија на Франција. Шефот на француската држава ќе престојува во Кина, заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Претходно Елисејската палата соопшти дека Макрон имал телефонски разговор со неговиот американски колега Џо Бајден и дека разговарале за заедничката волја да се обврзе Кина да го забрза крајот на војната во Украина и да учествува во изградбата на траен мир во регионот.

Двајцата шефови на Франција и САД, исто така, изразиле подготвеност да „добијат од Кина придонес во глобалните напори за солидарност Север-Југ и да изградат заедничка агенда за климата и биолошката разновидност со Кина“, објави Елисејската палата.

Подготвено од М.Н.

About Author