https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Emmanuel_Macron_%282019-10-09%29_03.jpg

18.04.2023 Скопје

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека го слушнал гневот на луѓето во Франција поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање, но додаде дека е неопходно да се одржи пензискиот систем.

„Тие измени се потребни за да се гарантира правото на секого на пензија, претставуваа напор, тоа е вистината, но тоа е неопходно“ наведе Макрон, откако на 15 април стапија во сила реформите на пензискиот систем.

За денеска Макрон ги повика претставниците на синдикатите на разговори, но тие ја одбија средбата.

Емануел во саботат го потпиша Законот за пензиската реформа со што предизвика масовни протести.

Реформата предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година и најмалку 43 години работен стаж за целосна пензија.

Подготвено од М.Н.

About Author