11.04.2023 Скопје
Европа мора да ја намали својата зависност од Соединетите Американски Држави (САД) и да избегне да биде вовлечена во конфликтот меѓу Кина и САД околу Тајван, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон истакна дека Европа се соочува со голем ризик бидејќи влегла во кризи кои не се нејзини.
„Тоа го спречува да ја изгради својата стратешка автономија. Прашањето на кое Европејците треба да одговорат е дали е во наш интерес да ја забрзаме кризата во Тајван. Мојот одговор е не“, рече Макрон.
Тој рече дека Европејците не можат да ја решат кризата во Украина, но и дека Европа ја зголемила својата зависност од САД во однос на оружјето и енергијата и дека мора да се фокусира на зајакнување на сопствената одбранбена индустрија.
Кинеските воени вежби во близина на Тајван многумина на Запад ги толкуваат како реакција на средбата меѓу Каи Инг Вен, тајванскиот претседател и Кевин Мекарти, претседателот на Претставничкиот дом на САД.
Макрон рече дека Европа не треба да го ескалира конфликтот околу Тајван, туку да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.
„Најлошото нешто би било ако ние Европејците мораме да бидеме следбеници во ова прашање и да се прилагодиме на американскиот ритам или кинеското претерување“, рече Макрон.
Тој истакна дека Европа мора повеќе да ја финансира својата одбранбена индустрија, да развива нуклеарна и обновлива енергија и да ја намали зависноста од американскиот долар за да го ограничи потпирањето на САД.
Марко Рубио, републикански сенатор од Флорида, предупреди на Твитер дека Америка може да ја остави Европа сама да се справи со Украина за да се фокусира на проблемот со Тајван.
Подготвено од А.Ѓ.