majkrosoft kompanija

07.04.2023 Скопје

Американското Министерство за финансии денеска соопшти дека го казнува „Мајкрософт“ со сума од 3,3 милиони долари поради кршење на санкциите.

Тие ги прекршиле санкциите во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим, соопшти Министерството.

„Мајкрософт“ ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии.

Министерството за финансии на САД меѓу другото соопшти дека сеуште не биле собрани сите или точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на „Мајкрософт“, предупредувајќи на слабости во процесот на проверка на „Мајкрософт“.

Подготвено од М.Н.

About Author