28.04.2023 Скопје
Британскиот регулатор го блокираше купувањето на Activision од страна на Microsoft, тврдејќи дека тоа ќе му даде на Microsoft уште посилна позиција во услугите за игри.
Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство (CMA) пресуди против договорот на Мајкрософт во вредност од 68,7 милијарди долари за купување на Activision Blizzard.
Според регулаторите, купувањето ќе го направи Мајкрософт доминантен играч во облак игрите, задушувајќи ја конкуренцијата и давајќи им на гејмерите во Велика Британија помал избор.
„Мајкрософт има силна позиција во услугите за облак игри и доказите достапни на CMA покажуваат дека на Мајкрософт би било комерцијално корисно игрите на Activision да бидат ексклузивни за неговата услуга за облак игри“, објасни регулаторот од Велика Британија.
Имено, се проценува дека Мајкрософт отпаѓа речиси 70 отсто од глобалните услуги за облак игри преку Windows и неговото портфолио Xbox. Дополнително, тие посочуваат дека способноста на Мајкрософт да ја направи серијата видеоигри Call of Duty ексклузивна за својот Xbox Game Pass ќе биде голема пречка што на крајот ќе ги стави во огромна предност во однос на нивните конкуренти.
Мајкрософт и Activision Blizzard не се задоволни од оваа одлука, па веќе е најавено дека ќе поднесат жалба. Потсетуваме дека доколку оваа аквизиција биде конечно одобрена, тоа ќе биде најголемото преземање досега видено во индустријата за игри и во историјата на Мајкрософт.
Подготвено од А.Ѓ.