25.04.2023 Скопје
Кошаркарите на Мајами го победија тимот на Милвоки со 119:114, во четвртиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот.
Со оваа победа Мајами поведе со 3-1 во серијата, а најдобар играч во тимот од Флорида беше Џими Батлер со 56 поени и девет скока, додека кај гостинскиот тим се истакна Џенис Адетокумбо со 26 поени, десет скока и 13 асистенции.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа тимот на Мемфис со 117:111 и поведоа со 3-1 во серијата.
Тимот од Калифорнија до победата го предводеше Остин Ривс со 23 поени, четири скока и шест асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 22 поени, 20 скока и седум асистенции.
Кај гостите се истакна Дезмонд Бејн со 36 поени и седум скока.
Подготвено од А.Ѓ.