05.04.2023 Скопје
Лекот кој е во форма на сируп и таблети, а се користеше за сува кашлица кај деца и возрасни се повлекува од пазарот комплетно, поради потенцијален ризик дека фолкодинот може да доведе до анафилакса.
Анафилакса е најсериозен вид на алергиска реакција која може да биде опасна по живот.
Студија од 2022 година покажала поврзаност меѓу употребата на фолкодин и ризикот од анафилакса, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).
Агенцијата откри дека овие сирупи можат да предизвикаат многу опасна алергиска реакција за време на општа анестезија, додека во некои случаи ненадејна и тешка алергиска реакција може да предизвика смрт.
Македонската агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД потврди дека и во Република Северна Македонија се спроведува ова решение и дека фолкодин веќе не е достапен во аптеките, а испратено е и известување до лекарите дека во случај на анестезија, на здравствените работници им се препорачува да проверат дали пациентите користеле фолкодин последните 12 месеци и ако е така, да бидат свесни за можна анафилакса.
Подготвено од М.Н.