https://www.facebook.com/photo?fbid=668177758464842&set=pcb.668177788464839

28.04.2023 Скопје

Претставникот на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој е во официјална посета на Грција, во Атина оствари средба со министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, со кого разговараше за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Веднаш по одржаната средба претставникот на Европската унија, Мирослав Лајчак, објави дека и е благодарен на Грција за интересот кој го има за Западен Балкан.

На средбата се водеа разговори за политиките на Грција и на Европската унија, но секако во центарот на вниманието беше дијалогот меѓу Белград и Косово, и плановите на Брисел за постигнување на заеднички договор меѓу двете држави.

Подготвено од М.Н.

About Author