https://www.facebook.com/photo/?fbid=748331556660574&set=pcb.748331599993903

24.04.2024 Скопје

Премиерот Албин Курти денеска оцени дека вчерашните избори во четири општини на северот на Република Косово поминале мирно и без инциденти и се заблагодари на ЦИК и на полицијата на самопрогласено Косово за нивната добра организација и безбедност.

Курти оценил дека одѕивот бил слаб бидејќи имало атмосфера на заплашување и уцена.

„Имаше атмосфера на заплашување и уцени, па излезноста на граѓаните на изборите беше слаба. Бојкотот на север беше наметнат со кампања на закани од официјален Белград. Им благодарам на граѓаните за нивната храброст и смиреност“, изјави Курти и им честиташе на избраните претседатели и заменици.

Според него, тие мора да работат посветено и да служат без разлика, а власта т.н Косово ќе ги поддржи и ќе им пружи помош.

„Институционалниот систем и јавните служби ќе можат да функционираат повеќе и подобро за доброто на граѓаните и (во корист) на нивните права“, рече Курти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author