kumanovoo opshta bolnica

22.04.2023 Скопје

Во моментов, болницата во Куманово е без возило за транспорт на пациенти, откако вчера едно од нив се преврте во сообраќајна несреќа, а останатите две се на сервис.

Директорката Снежана Захариева изјави дека во меѓувреме, болницата ќе позајми возило. Воедно, додаде дека возачот на амбулантното возило и медицинската сестра се пуштени од болница, додека пациентката која ја транспортирале е на Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Синоќа пред полноќ во близина на ЕУ инфо-центарот во Скопје се случи сообраќајната незгода. Амбулантното возило кое превезувало 72 – годишна кардиолошка пациентка од Куманово се судри со „фолксваген туран“, со скопски регистарски таблички.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author