26.04.2023 Скопје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на почетокот на годинешниот Самит „Македонија 2025“, посветен на просперитетни економии, преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство, а којшто ќе се одржува во следниве два дена во Скопје.
На Самитот се присутни Мајкл Чкламовски, претседател на Одбор на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски, ко-основач и член на Одбор на директори на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка и член на Одборот на „Македонија 2025“, Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, претставници од бизнис заедницата во Република Северна Македонија, експерти во областите за коишто ќе се дебатира.
„Низ посветена работа и преку стратешкото лидерство на кое што ги поставивме владините политики изминативе години остваривме перспективи за просперитетна македонска економија. Дури и кога ќе ја погледнете табелата што ја извади Никица, таа табела покажува дека за 1 години 50%, 7 од 14 индикатори кои ги покажа се подобрени, а кај економските индикатори 50% од индикаторите исто така се остварени или подобрени. Ако некој за тоа треба да добие заслуга тогаш тоа е економскиот тим на Владата чијшто претставник тука меѓу нас е министерот за финансии“, истакна премиерот Ковачевски.
Подготвено од А.Ѓ.