20.04.2023 Скопје
Тесла ги намали цените на своите електрични возила Model Y и Model 3 во САД по шести пат од почетокот на годината, поради загриженоста за исполнување на претходно целните профитни маржи поради малку послабите продажни резултати.
Тесла ги намали цените на Model Y за 3.000 долари и на Model 3 за 2.000 долари, а нивната цена на американскиот пазар сега е под 40.000 долари по парче.
Компанијата предводена од Илон Маск ги намали американските цени за Model 3 за 11 отсто оваа година и Model I за дури 20 отсто – потег што доаѓа додека САД се подготвуваат да воведат построги стандарди кои во суштина ќе ги ограничат даночните кредити за возила на електрична енергија.
Компанијата, исто така, неодамна ги намали цените во Европа, Израел и Сингапур, како и во Јапонија, Австралија и Јужна Кореја, продолжувајќи ја кампањата за попуст што ја започна во Кина во јануари за да ја зголеми побарувачката.
Претходно овој месец, Тесла објави квартален раст на испораката од четири отсто во првиот квартал, што е многу помалку од 17,8 отсто во четвртиот квартал од минатата година.
Додека Тесла се очекува да пријави 24,2 отсто годишно зголемување на приходите во првиот квартал од оваа година на 23,29 милијарди долари, аналитичарите ја намалија проценката на просечната добивка на околу 2,4 отсто во текот на изминатите три месеци.
Подготвено од А.Ѓ.