22.04.2023 Скопје
Во северозападниот дел на Аргентина повеќе од 60.000 се заразени со денга треска, а починаа 40 луѓе.
Инфекцијата ја шират комарците од жолта треска, а последната епидемија ја погоди Аргентина во 2020 година.
Министерството за здравство вели дека бројот на случаи со денга почнува да се намалува.
Треската од денга е позната и како „коскокршечка треска“ затоа што може да предизвика толку силна болка, што болниот ќе има чувство како да му се кршат коските. Некои симптоми на треската денга се треска, температура, главоболка, осип на кожата што заликува на морбили, како и болка во мускулите и во зглобовите. Кај некои заболени, денгата може да се претвори во форма што е опасна по животот. Првата е хеморагичната треска на денга, што предизвикува крварење и протекување на крвните садови (цевчиња што пренесуваат крв), како и ниско ниво на тромбоцити (што ја засируваат крвта). Втората е синдромот на шок одс денга, што предизвикува опасна низок крвен притисок.
Нема делотворна вакцина што ќе ја спречи појавата на инфицирање со вирусот на денгата. Има неколку работи што може да се направат за да се спречи луѓето да добиваат денга. Тие можат да се заштитат себеси од комарци и да го ограничат бројот на каснувања што би го имале. Научниците предлагаат да се смалат живеалиштата на комарците и да се смали бројот на постоечки комарци. Штом човекот ќе се зарази од денгата, може да закрепне само со земање на доволно течности, но само доколку болеста е во блага или во умерена форма. Ако е случајот посериозен, можно е да му требаат интравенски течности (течности што се даваат директно во вена, со помош на игла и цевчиња) или трансфузии (дарување на крв на друго лице).
Подготвено од А.Ѓ.