28.04.2023 Скопје
Платите во BMW се меѓу најдобрите во германската и европската автомобилска индустрија.
На баварскиот производител на автомобили му оди добро, а тоа се одразува и на финансиските резултати. Поради ова, тие великодушно ќе ги наградат своите работници.
Луѓето кои работат на работи за одржување во BMW добиваат просечна годишна бруто плата од 36.400 евра, додека квалификуваните работници во производството може да сметаат на 42.100 евра.
Логистичарите имаат плата од 52.000 евра.
Од друга страна, програмерите и инженерите заработуваат меѓу 77.200 и 88.900 евра бруто годишно. За лидерот на тимот бруто годишната плата е околу 114.500 евра, а практикантите се платени 17.300 евра бруто. За менаџерски плати нема да зборуваме бидејќи тие се изразени во милиони евра.
Но, тоа не е се, ако се земе предвид дека покрај синдикалните надоместоци и годишните одмори, вработените во BMW земаат околу 13,7 плати годишно. И тоа не е се, бидејќи BMW ја дели добивката со работниците во еднократна сума од 9.175 до 15.700 евра – податоците се за 2019 година.
Подготвено од А.Ѓ.