milatovic crna gora

04.04.2023 Скопје

Милена Милатовиќ е новата прва дама на Црна Гора, а со сопругот Јаков има три деца.

Црна Гора во неделата избра нов претседател, а на таа позиција сега е Јаков Милатовиќ (36) кој освои 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и поранешен претседател Мило Ѓукановиќ околу 40 отсто. За време на кампањата и изборите, Милатовиќ често беше придружуван од сопругата Милена, која по инаугурацијата ќе стане прва дама на Црна Гора.

Милена е директор за финансии и економски прашања во црногорскиот електропреносен систем. Двојката има три заеднички деца, а најмладата ќерка Ана се роди во средината на февруари годинава.

Претседателот и првата дама ги имаат и ќерката Сара и синот Дејвид. На Инстаграмот на Милатовиќ можете да најдете неколку семејни фотографии и видеа, а Милена е прилично самобендисана и не објавува често на социјалните мрежи.

Милена цврсто веруваше во победата на нејзиниот сопруг на изборите, што и претходно често го нагласуваше за тамошните медиуми, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за Јаков Милатовиќ.

Милена можеше да се види и вчера за време на нејзиното патување до избирачкото место каде што беше придружувана од нејзиниот сопруг. Првата дама облече пристојно сино одело и беше насмеана и опуштена, што го привлече вниманието на медиумите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author