01.04.2023 Скопје
Кога добиваме грип или настинка, клучно е да го зајакнеме имунолошкиот систем што е можно повеќе за полесно да се бори против штетните микроорганизми. Во тоа, храната игра клучна улога, особено онаа богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, како и антиоксиданси.
Некои експерти веруваат дека неправилната исхрана може да ја зголеми сериозноста и времетраењето на инфекцијата.
Кога ќе забележите дека вашиот имунитет е намален, јадете повеќе храна богата со антиоксиданси – како свежо овошје и зеленчук. Бобинки, агруми и киви се одличен избор бидејќи содржат витамини А, Ц, Е, селен и цинк.
Целите житарки се добар избор – киноа, просо, кафеав ориз, овесна каша, црвен ориз.
Ѓумбирот исто така треба да биде на вашето мени. Ѓумбирот содржи над 100 биоактивни соединенија, минерали, витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи. Се користи не само како билка, туку и како лек и превентивно средство за зајакнување на отпорноста на организмот.
Избегнувајте преработена храна во широк опсег. Јадете зеленчук што е можно повеќе, но важно е малку да го загреете пред јадење.
Подготвено од А.Ѓ.