https://www.facebook.com/photo?fbid=788814249267160&set=pcb.788814495933802

07.04.2023 Скопје

Кина досега беше воздржана кога станува збор за руската инвазија и на ниту еден начин не се мешаше во руските планови со Украина, но сега тоа се менува.

Ова менување на политика стана јасна за време на тридневната државна посета на францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во тридневна официјална посета на Кина.

За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател Макрон истакнал дека Кина може да „игра значајна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави „подготвеноста и посветеноста на Кина за решавање на конфликтот“.

Кинескиот претседател се согласува дека нуклеарното оружје не треба да се користи за време на конфликтот во Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Пекинг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека сака мировните преговори да започнат што е можно поскоро и ја повика меѓународната заедница да не поддржува ескалација на кризата.

Ова е првиот показател дека Си може да одговори на поканата на украинскиот лидер Зеленски, и да се сретне со него во Киев. Кинескиот претседател нема остварено средба, а ниту разговор со Зеленски од избувнувањето на војната.

Подготвено од М.Н.

About Author