07.04.2023 Скопје
Организаторите на Канскиот фестивал објавија дека новиот филм на Џони Деп „Жан ди Бари“ ќе го отвори овогодинешниот филмски фестивал во Кан.
Во филмот, покрај актерот Џони Деп, во фокусот на вниманието е и актерката Мејвен Ле Беско, која ја игра Жан Бека, жена која ќе дојде од сиромаштија и ќе се издигне во општествените кругови околу кралот Луј XV.
Деп со својата главна улога во филмот го игра кралот Луј, а филмот премиерно ќе биде прикажан на отворањето на Канскиот филмски фестивал на 16 мај.
Подготвено од М.Н.