https://www.facebook.com/photo/?fbid=777474563734936&set=pcb.777474617068264

12.04.2023 Скопје

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, најави дополнителна воена помош за Украина во војната со Русија, јавуваат тамошните медиуми.

Трудо веста ја соопшти на прес-конференција по средбата со украинскиот премиер Денис Шмихал во Торонто, и истакна дека воената помош ќе вклучува 21.000 јуришни пушки, 38 митралези и повеќе од 2,4 милиона парчиња муниција.

Канада до сега исто така, има обезбедено заем од 2,4 милијарди канадски долари на Владата на Украина за поддршка на исплатите на пензиите и поправка на енергетската инфраструктура.

Вкупната помош на Канада за Украина надмина осум милијарди канадски долари (5,94 милијарди американски долари).

Шмихал и се заблагодари на Канада за милијардите долари економска и воена помош од почетокот на руската инвазија врз неговата земја, и истакна дека Украина се бори за вредностите и принципите што се во основата на сите нејзини демократии, и додаде дека неговата земја „ќе направи се што е потребно за да ја обезбеди победата на Украина“.

Подготвено од М.Н.

About Author