https://www.facebook.com/photo/?fbid=774476494041009&set=pb.100044359959625.-2207520000.

22.04.2023 Скопје

Екипата на Денвер во првиот меч на гостински терен ја надигра Минесота со 120:111 и со победи од 3:0 дојде на чекор до пласман во четвртфиналето.

Со одлична игра ги предводеше Никола Јокиќ, кој на крајот од третата четвртина оствари нов трипл-дабл учинок.

Денвер ја продолжи победничката серија и само уште една победа ги дели од преминување во следната фаза каде ќе се соочат со победникот од дуелот Феникс-ЛА Клиперс.

Добро влегоа во мечот и практично дојдоа до победата на крајот од многу рамноправен дуел бидејќи Минесота одлично одговори, па првата четвртина заврши нерешено.

Избраниците на Мајкл Мелоун успеаја да го добијат првото полувреме со шест поени предност и потоа да ја зголемат таа разлика иако домаќините се обидоа да се вратат во мечот.

Со уште една одлична партија, Никола Јокиќ продолжи да го води својот тим до првата титула и да го трасира патот до третото МВП признание, остварувајќи нов трипл-дабл учинок на крајот од третиот дел од играта.

Тоа беше седми трипл-дабл за Јокиќ во НБА плејофот, со што стана вториот најдобар центар во историјата на НБА. Пред него е само легендарниот Вилт Чембрлен, кој постигна девет, но прашање на време е кога ќе го „скокне“ Никола Јокиќ.

Натпреварот го заврши со 20 постигнати поени со 10 скока и 12 асистенции, само Мајкл Портер беше поефикасен во шутерството од него, кој постигна 25 поени.

Во својот претходен стил, Јокиќ брилијантно ја поддржуваше тимската игра со своите скокови, а особено со додавањата, во кои дури седум играчи имаа двоцифрен шутерски учинок, што ја анулираше големата прецизност на Ентони Едвардс и Карл-Ентони Таунс на другата страна, кои беа најефикасните стрелци на натпреварот.

Едвардс мечот го заврши со 36 поени, Таунс постигна 27, додека Руди Гобер имаше дабл-дабл со 18 поени и 10 скока.

Резултати од неодамнешните натпревари во НБА:

Атланта – Бостон 130:122, 1:2 во серија;

Њујорк – Кливленд 99:79, 2:1 во серија;

Минесота – Денвер 111:120, 0:3 во серија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author