11.04.2023 Скопје
Во годишниот извештај на јапонското Министерство за надворешни работи, наведено е дека Јапонија изразува сериозна загриженост поради заедничката активност на руските и кинеските вооружени сили во близина на нејзините граници.
Во извештајот на јапонскто Министерство за надворешни работи, наведено е дека Русија и Кина ја зајакнале воената соработка во последните години со одржување на заеднички вежби и патроли во близина на Јапонија, користејќи бомбардери и воени бродови.
Министерството за одбрана на Русија пак соопшти дека ваквите вежби и патроли се спроведуваат во согласност со меѓународното право и дека не го нарушуваат туѓиот воздушен простор, и затоа Јапонија не треба да биде воопшто загрижена.
Подготвено од М.Н.