06.04.2023 Скопје
Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида, изјави дека ќе се бори против злото кое го предизвика поленската треска, нарекувајќи ја алергијата на полен здравствен проблем што бара итна владина акција.
Нивоата на полен во Токио се искачија на највисоко ниво во последната деценија.
Кишида на парламентарната комисија оваа недела изјави дека поленската треска станала „социјален проблем“, додавајќи дека ќе работи со министрите за да се најде соодветно решение за справување со овој природен проблем.
За распространетоста на поленската треска во Јапонија е обвинета повоената програма за пошумување, за време на која дрвјата беа засадени со голема брзина за да и помогнат на градежната индустрија во земјата.
Овогодинешната сезона на полен предизвика наплив на антихистаминици и други производи од спрејови за нос до заштитни очила при што некои продавници пријавија двојно зголемување на продажбата во споредба со првите три месеци од 2022 година.
Се вели дека околу 40% од Јапонците доживуваат симптоми на поленска треска вклучувајќи чешање, насолзени очи и кивање главно во овој дел од годината, а тоа е и објаснување зошто толку многу луѓе продолжуваат да носат маски надвор, и покрај неодамнешното укинување на ковид-мерките.
Подготвено од М.Н.