14.04.2023 Скопје
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (56.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 108 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 45 (12.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 352 објекти, на 170 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (51.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 9.897.768 илјади денари, што е за 258.1 % повеќе во однос на февруари минатата година, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Подготвено од М.Н.