https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=bugarija+zname&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=fMpML_SfU62W1M&imgdii=ACOHsv4ovjXGjM

Bulgaria flag waving in the blue sky in the wind

03.04.2023 Скопје

Конзервативната партија на поранешниот премиер Бојко Борисов има многу мала предност пред либералната листа, предводена од поранешниот лидер на центристите Кирил Петков, изјавуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на синоќешните прогнози врз основа на делумни резултати.

Според аналитичарот Евелина Славкова, ова е најлошото можно сценарио, односно колку се поблиску резултатите, толку потешко ќе биде да се формира стабилна влада.

Стравувањата од континуирана политичка нестабилност во балканската земја со 6,5 милиони жители опстојуваат и по петтите последователни избори.

Скапата политичка криза е без преседан од крајот на комунизмот во 1990 година. Од падот на Бојко Борисов по една деценија на власт, различните партии не успеаја да формираат трајна коалиција.

Овој ќорсокак се влошува со конфликтот во Украина во општество кое е историски и културно блиску до Москва и е растргнато поради прашањето како да му се помогне на Киев.

Многумина сметаат дека овие избори се клучни за ГЕРБ, чиј лидер Бојко Борисов беше премиер од 2009 до 2021 година, додека не избија протести низ целата земја поради улогата на неговата влада во неконтролираната корупција во земјата.

Партијата Продолжуваме со промената, предводена од дипломираните студенти на Харвард, Кирил Петков и Асен Василев, и Демократска Бугарија, предводена од Христо Иванов, водат кампања за ветувањето дека Бугарија ќе ја претворат во „Европска земја“ со подигање на стандардот на здравството и образованието и правење на судството системот и обвинителството независни. Тие се омилени меѓу помладите гласачи во Бугарија.

Меѓутоа, ако земјата повторно не успее да создаде функционална влада, може да ги поткопа нејзините надежи за приклучување кон еврозоната и ефикасно користење на помош од страна на Европската унија.

Подготвено од М.Н.

About Author