04.04.2023 Скопје

Финска денеска ќе стане членка на НАТО, соопшти Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинистo.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека денес во седиштето на НАТО за прв пат ќе се подигне знамето на Финска.

„Овој потег ќе ја направи Финска побезбедна земја, а Шведска ќе биде побезбедна како резултат на влезот на нејзиниот сосед во НАТО, потенцираше Столтенберг.

Турскиот Парламент на 30 март го ратификуваше влезот на Финска во Северноатлантската алијанса, при што сите 276 присутни членови гласаа „за“. Таа одлука на турскиот Парламент стапи на сила на 1 април, отстранувајќи ја последната пречка за влез на оваа нордиска земја во Алијансата.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *