tanker so nafta

28.04.2023 Скопје

Иранската војска соопшти дека запленила нафтен танкер под знамето на Маршалските Острови во Оманскиот залив, откако се судрил со ирански брод, при што биле повредени неколку членови на екипажот.

„Тинкерот со нафта под знамето на Маршалските Острови беше запленет од иранските поморски сили во Персискиот залив, откако се судри со ирански брод во Оманскиот залив и се обиде да побегне“, се вели во соопштението на војската.

Двајца од екипажот на бродот се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени во судир меѓу бродот.

Претходно, американската морнарица објави дека иранските сили заплениле танкер во меѓународните води во Оманскиот залив.

Податоците за сателитско следење од MarineTraffic.com покажаа дека танкерот бил во Оманскиот Залив северно од главниот град на Оман, Мускат, во четвртокот попладне.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *