iran ekonomska sorabotka so saudiska arabija

27.04.2023 Скопје

Претседателот на Комората за трговија, индустрија и рудници на Иран, Гулам Хусеин Шафеи, испрати писмо до претседателот на Сојузот на стопански комори на Саудиска Арабија, Хасан бин Моџиб ал Хуваизи, во кое го повика да отвори „ново поглавје“. на економската соработка меѓу двете земји.

Оваа информација ја соопштија тамошните медиуми но и пан-арапскиот весник кој има седиште во Лондон.

Шафеи во својата порака го поздрави договорот потпишан од Ријад и Техеран во Пекинг на 10 март за обновување на меѓусебните односи.

Поради тоа Шафеи повика да се забрза заживувањето и интензивирањето на трговската размена и меѓу приватниот сектор на економиите на двете земји, и ја изрази намерата на иранскиот приватен сектор да организира размена меѓу делегации од Техеран и Ријад, како и развој на заеднички изложби.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *