07.04.2023 Скопје
Компанијата „Геат“, која е во партнерство со алжирската компанија „Сонелгас“ и американската „Генерал Електрик“, ја извезе првата пратка гасни и парни турбини во странство, односно во Ирак за вкупна вредност од приближно 112 милиони долари.
Оваа информација ја објави информативната веб-страница „Атака“, повикувајќи се на свои извори, според кои алжирските гасни турбини што се извезуваат во Ирак работат со висока ефикасност.
Компанијата не евидентирала никакви негативни коментари од купувачите, особено поради производството на овие турбините бидејќи ги земаат предвид најмалите детали и меѓународно применливите стандарди.
Според истите извори, компанијата се подготвува за извоз на пратки на други слични гасни турбини и преговара со група потенцијални клиенти, главно во неколку африкански земји, за да ги снабдува со ваков тип на опрема.
Подготвено од М.Н.