https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t31.18172-8/26114748_1430347563757754_503538357555470801_o.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=HHWIzww8RE8AX9gJ-1O&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_L1JrfDX-EUKy7ulOWZhNivVgTzzoaXy0Dca7Qa0l6FQ&oe=62FE06FD

28.04.2023 Скопје

Ургенцијата на молбата за назначување на вршител на должноста – Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од редот на бугарската заедница повеќе од шест месеци е заглавена во лавиринтите на Собранието.

Од страна на АМБ-ДНЕС на 28 јули 2022 година до Собранието на Република Северна Македонија најпрвин е поднесена молба за назначување на в.д. пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од редот на бугарската заедница, а на 18 октомври 2022 година е поднесена ургенција на молбата. Но, засега АМБ-ДНЕС се уште нема добиено никаков одговор или известување од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

АМБ-ДНЕС се уште е во исчекување на одговори на прашањата ДАЛИ? и КОГА? ќе може да се именува и назначи вршител на должноста – Пратеник, кој во Комисијата и Собранието ќе ги застапува правата и интересите на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Алијанса на македонските Бугари – Движење за национално единство и спас, АМБ-ДНЕС, е здружение на граѓани кое е основано заради воспоставување и впишување на македонските Бугари во Уставот на Република Северна Македонија како конститутивен народ, спроведување на попис во Република Северна Македонија, заштита на човекови права, учество на македонските Бугари како дел од новата европска администрација во Република Северна Македонија и унапредување на родовата еднаквост.

Здружението своите цели и задачи ги исполнува согласно Уставот на Република Северна Македонија, законите и останатите општи прописи, Статутот, како и внатрешните акти на здружението. Додека пак, вредностите на здружението се јавност, транспарентност, одговорност, интегритет, демократија, прагматичност, правичност, солидарност, како и сите останати вредности прифатени во модерните демократски општества со фокус на владеењето на правото, развивањето и почитувањето на човековите права.

МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ПОБАРАА В.Д. ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИСКИОТ КОМИТЕТ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ

Подготвено од А.Ѓ.

About Author