kovachevski i plenkovikj

05.04.2023 Скопје

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Пленковиќ, кој ќе предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

По церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба на Ковачевски и Пленковиќ, по што ќе следуваат билатерални разговори на двете делегации.

Во составот на македонската делегација на средбата ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Република Северна Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

Пленковиќ исто така за време на официјалната посета ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.

Подготвено од М.Н.

About Author