24.04.2023 Скопје
Хрватското Министерство за одбрана во периодот 2021-2026 г. ќе купи оружје, муниција и опрема во вредност од 3,8 милијарди евра.
Дел од таа сума од 223 милиони евра се донации за воена помош од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија. Ова е најголемата распределба за вооружување и опремување на армијата од Татковинската војна.
Со оглед на количината и разновидноста на договорените и планираните набавки, може да се каже дека никогаш не е купено повеќе оружје и опрема отколку во овие пет години. Од 2000 до 2020 година, набавката на нови воени системи беше повеќе инцидент отколку практика.
Купени се 126 оклопни возила „Патрија“ за 180 милиони евра, 39 воени камиони за 4,5 милиони евра, 27 користени германски камиони за 200.000 евра, 16 употребувани самоодни хаубици PzH2000 за околу 430 милиони евра.
Поправени се седум MiG, а купени се пет употребувани MiG за околу 18,5 милиони евра, а САД и донираа 212 возила MRAP на Хрватска.
Како дел од сукцесијата се купени десет нови транспортни хеликоптери МИ 171Ш од Русија и потпишан е договор за изградба на пет крајбрежни бродови, кој се уште не е реализиран.
Подготвено од А.Ѓ.