sudan nemiri

17.04.2023 Скопје

Конфликтот во Судан меѓу армијата и паравоените сили на генералот Мохамед Дагл не стивнува туку се радикализира. Загинати се сто луѓе, меѓу кои и хуманитарни работници на Обединетите Нации.

Исклучително тешка е состојбата во болниците во Картум, каде медицинските лица тешко доаѓаат до ранетите пациенти.

Светската програма за храна на Обединетите нации ја прекина помошта за Судан откако тројца вработени настрадаа во борбите во Дарфур. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика одговорните што побрзо да бидат изведени пред лицето на правдата.

Судан се обидува да ги организира првите слободни избори после 30 години диктатура. Арапската лига и Африканската унија свикаа вонреден состанок.

Во 2021 државниот удар заврши со транзиција во која генералот Бурхан и генералот Хамити ги здружија силите за да ги соборат цивилите од власт, но нивното ривалство веќе трет ден е претворено во отворен вооружен конфликт во кој страдаат и цивили.

Подготвено од М.Н.

About Author