03.04.2023 Скопје
Кандидатот за претседател на ДПС, Мило Ѓукановиќ, му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ. Тој истакна дека сака новиот претседател да биде успешен и достоен за довербата на граѓаните.
„Црна Гора избра. Јас не сум нејзин избор. Го почитувам изборот. На претседателот му посакувам да биде успешен затоа што така ќе биде успешна Црна Гора. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми веруваа. Сите овие 30 години. Еднаш тие гласови беа доволни за мнозинството, за жал во овој момент не се“, изјави Мило Ѓукановиќ.
„Ќе се обидам да ја работам мојата работа на најдобар можен начин до крајот на мандатот. Ја прифаќам оваа проценка на демократската јавност на Црна Гора и и посакувам на Црна Гора се најдобро и новиот претседател да придонесе за натамошниот економски и демократски просперитет на нашата земја“, додаде Ѓукановиќ.
Подготвено од М.Н.