https://www.flickr.com/photos/93482748@N02/13430164144/in/photolist-msM6Ud-2nd4oiw-2mEErzJ-KwQcd-iVnUrS-9ujmCF-7wA7be-2axxZZt-4faNf3-27keHf-4pUspz-2jCJU8W-6S81a6-567iX6-bUK9o9-7Li6po-MoCko-5Txrr6-2bEHq4T-6tCaVX-2bEHqtR-7LcAwU-q1sggz-4nbs3a-6EEaLn-214kG8X-2nppnwP-a8BjYG-26cPo8L-cnuBvG-2mU5J6f-2j9fMwR-BgqyEC-7SBcJc-2ncj8T4-2nri44V-7pvoJ3-244d6UZ-959wvf-56Bb9X-PwNaDQ-2bEHqj2-5VQKan-6BX29a-LhY2J-2bEHpJz-5PzyLs-aFmVyH-2hUS11f-VEAYzg

11.04.2023 Скопје

Граѓаните на Република Северна Македонија и на Бугарија имаат најкус животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Според направената анализа од (УНДП), очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Според направената анализа во Европа се смета дека најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа.

„Landgeist“ посочува дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години.

Подготвено од М.Н.

About Author