14.04.2023 Скопје
Од ЈСП „Скопје“ соопштија дека во пресрет на христијанскиот празник Велигден, во сабота, недела и понеделник автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено в сабота, а другите денови – петок, недела и понеделник ќе бидат неработни за сите продажни места.
Жичарницата на Водно за време на велигденските празници ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот, а нема да работи во вторник, 18 април.
Автобуските линии 25 – Транспортен центар – Средно Водно, 25А – Автомакедонија – Средно Водно и 25Б – Дом на печат – Средно Водно ќе сообраќаат исто така по неделен возен ред, стои во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Подготвено од М.Н.