https://www.facebook.com/photo/?fbid=694033669392718&set=pcb.694033856059366

03.04.2023 Скопје

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој денеска е домаќин на премиерот Димитар Ковачевски при официјалната посета на Словенија, се надева дека кај сите политички партии во Република Северна Македонија ќе преовлада разумот и уставните измени до ноември ќе бидат изгласани.

Голоб истакна дека процесот на преговори со ЕУ не смее да престане и нема да дозволи да се поставуваат дополнителни услови на Република Северна Македонија.

На заедничката прес-конференција со Ковачевски, Голоб изјави: „Република Северна Македонија е дел од Европа, секогаш била и сега е време да стане дел од европското семејство. Предолго се чекаше на тоа и денес овој процес конечно се мрдна од место и треба сите да направиме сè што можеме никогаш повеќе да не застане. Јас знам дека уставните измени се тешка задача, но верувам дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти. Сегашниот процес на преговори не смее да застане. Ќе инсистираме да одите понатаму и освен промената на Уставот, да не се бараат и поставуваат други услови“.

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека земјава секогаш кога носела големи одлуки излегувала посилна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author