https://www.facebook.com/photo/?fbid=477325674577965&set=a.231255619184973

03.04.2023 Скопје

На подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден биле извршени повеќе претреси, при што биле приведени 16 лица.

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на подрачје на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации при што приведени се 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека при претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога.

По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *