hrvatska policija

04.04.2023 Скопје

Акцијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО) е во тек во два града во Хрватска.

Утринава полицијата почнала да пребарува повеќе области во Риека и Меѓумурје, при што биле уапсени неколку лица.

Во акцијата наводно се вклучени лица од градската управа на Риека и фирма од Меѓумурје, а се е поврзано со депонирање на отпад. Станува збор за проект кој беше кофинансиран со повеќе од 30 милиони куни грантови од фондовите на ЕУ.

Според неофицијални информации, истражителите на ЕЈО се сомневаат дека имало незаконски отстапки при конкурсот за тоа работно место, како и дека целиот проект на крајот бил неоправдано преплатен.

Се истражува работата за добивање и изведување работи на проектот за сортирање во Михачева Драга.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author