novak djokovic povtorno vo avstralija

03.04.2023 Скопје

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е светски рекет број еден откако во полуфиналето на турнирот во Мајами го совлада Шпанецот Карлос Алкараз.

Шпанскиот суперталент не ги одбрани 1.000-те бодови освоени со ланската титула, полуфиналето му донесе само 640 бодови и го спушти на второто место.

Ѓоковиќ сега има 7.160 бодови, Алкараз 6.780, а Стефанос Циципас е трет со 5.770 бодови.

Ѓоковиќ веќе го собори апсолутниот рекорд по број на недели поминати на првото место, сега само го зголемува.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author