https://www.flickr.com/photos/whitehouse/52263852687/in/photolist-2nCnUyp-2nXUVjx-2n6PnXY-2nq5ebM-2mZkZaM-2mZekpG-2mZjFBX-2mZekn7-2n3Y9bQ-2nZxLas-2nwfFtK-2naTKGA-2nantLk-2nauqwY-2nasURQ-2nuUqbc-2nasut6-2nsDSCC-2nwfu7a-2nb2Euu-2naMFLu-2natf2q-2navNHq-2nasYQP-2naSwgw-2nwUKFW-2naukSY-2natf1U-2naw3YE-2naMLpC-2nat5fQ-2nwUKQi-2nweeZo-2nwcr7z-2nauo1L-2nwt6zE-2nwuzGH-2nwUKNE-2nw7TFp-2nwUKM7-2nwt1FK-2nwa16u-2nwdasx-2nwgFaG-2nwfG1S-2nasYpr-2nwx4Bk-2nvXscv-2nwfMXF-2nqKMNY

27.04.2023 Скопје

Американското разузнавање можеби го шпионирало германското Министерство за одбрана. Ова го известуваат националните телевизии во Германија откако прегледале еден од неодамна објавените документи на Пентагон, означени како строго доверливи.

Американската Национална разузнавачка управа (ДНИ) не одговори на прашањето дали оваа информација е точна. Во меѓувреме, аналитичарите сметаат дека германскиот безбедносен апарат ќе се занимава со наводниот случај на шпионажа, а суштината на работата е што САД се уште ја шпионираат германската влада по скандалот што избувна во 2013 година, кога се дозна дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) извршила големи прислушувања во Германија.

Сега, разузнавачката активност може да се изврши со пресретнување на електронската пошта на Министерството за одбрана или со хакирање на неговите компјутерски системи. Во извештајот се споменува средба што се одржа на 20 февруари во Берлин меѓу претставници на министерството и делегација од кинеските вооружени сили. Датумот е потврден од извори од германската влада.

Во документот се наведува дека Германија својот став го гледа како потврда на солидарноста со САД. Понатаму, амбасадата на оваа земја во Берлин беше официјално информирана од германската влада за средбата со кинеската делегација.

Извештајот на Пентагон е достапен и за извршната власт на канцеларот Олаф Шолц, но се уште не е јасно каква ќе биде неговата реакција на наводниот случај на шпионажа од сојузничката држава. Одговорот може да зависи од тоа, како администрацијата на САД ќе се справи со ова прашање. Германската влада, всушност, е свесна за одлучувачкиот придонес на американското разузнавање за безбедноста на Германија, и со оглед на војната во Украина, се обидува да не ги заострува односите со Вашингтон.

Подготвено од М.Н.

About Author