germanija voen centar za pomos na ukraina

03.04.2023 Скопје

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ гради воен центар за одржување и логистика во Сату Маре, Романија, соопшти компанијата.

Новиот објект ќе биде оперативен почнувајќи од овој месец за поправка на оружје и воени возила што ги користи Украина во војната против Русија.

„Одржувањето се очекува да игра централна улога во зачувувањето на западните борбени системи што се користат во Украина и да се обезбеди достапност на логистичка поддршка“, истакна портпаролот на Рајнметал.

Романскиот центар на германскиот производител на оружје, лоциран во близина на украинската граница, ќе поддржува самоодни хаубици, тенкови „Леопард 2“ и „Челинџер“, пешадиски борбени возила „Мардер“, оклопни транспортери „Фукс“ и воени камиони, изјави извршниот директор на компанијата, Армин Папергер.

Подготвено од М.Н.

About Author