05.04.2023 Скопје
Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека Германија не смее да стане страна во војната во Украина.
„Ангажманот на Германија има свои граници, не смееме да станеме страна во војната. Важно е оваа граница секогаш да се одржува“, потенцираше Хабек.
Оваа изјава на претпазливост Роберт Хабек ја изјави по враќањето од дводневната посета на Киев, и истакна дека тој лично би повлекол црвена линија кога е во прашање поддршката за Украина, во оној момент кога ќе се бара присуството на германски војници во земјата.
Подготвено од М.Н.