29.04.2023 Скопје
Германија им се придружи на Шведска, Финска и Латвија во мултинационалната програма за оклопни возила за да обезбеди подобрена мобилност и огнена моќ на своите вооружени сили.
Иницијативата Common Armored Vehicle System (CAVS) се обидува да развие семејство на оклопни возила за поддршка на борбени, мировни мисии и мисии за помош при катастрофи.
Берлин стана последниот член на заедничките напори, откако во понеделникот потпиша изјава за намери.
Според потпретседателот на Патриа, Јука Холкери, учеството на Германија ќе ја зајакне мобилноста и безбедноста на снабдувањето меѓу сите земји-учеснички.
„Среќни сме да и посакаме добредојде на Германија во програмата CAVS. Програмата им дава можност на сите земји-членки да купат економични најсовремени и модуларни оклопни возила развиени како дел од невидена мултинационална соработка“, рече Холкериа.
Подготвено од А.Ѓ.