pishuvanje

25.04.2023 Скопје

Бил Гејтс истакна дека вештачката интелигенција наскоро ќе може да им помогне на децата да ги научат и да ги подобрат своите оценки, додавајќи дека чет-ботовите веќе би можеле да ги научат децата да пишуваат во следните 18 месеци.

„Вештачката интелигенција ќе биде добар учител и ќе може да се натпреварува со луѓето на тоа поле“, рече милијардерот за време на говорот на самитот во Сан Диего.

Чет-ботовите напредуваа со огромна брзина во последниве месеци, па дури и можат да се натпреваруваат со луѓето во одредени области. Брзиот напредок предизвика голем број реакции, од возбуда од можностите на новата технологија до страв од негативни последици.

„Денес чет-ботовите се исклучително добри во читањето и пишувањето, а оваа способност ќе им овозможи да им помогнат на учениците да ги научат или да ги подобрат своите вештини. Најпрво ќе се изненадиме колку можат да ни помогнат во читањето како асистенти, но и да ни дадат совети за тоа како да се подобриме во писмена форма“, рече Гејтс.

Сепак, вели тој, сè уште е тешко да се научат чет-ботовите да го оценуваат квалитетот и да даваат совети, бидејќи професорите треба да разгледаат голем број елементи кога го прават тоа, како структура, јасност и други особини.

Ова бара висок когнитивен процес, кој е тешко да се пресоздаде во код.

Многу експерти, сепак, веруваат дека технологијата за четбот сè уште не е усовршена и дека можат да направат големи грешки или да шират дезинформации.

„За 18 месеци вештачката интелигенција ќе стане асистент на наставниците и професорите“, додаде Гејтс.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author